ИЗРАЕЛ ГИ ПОВИКА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО СТРАНСТВО Властите во Тел Авив гледаат опасност во растечкиот антисемитизам

„Израелските власти гледаат значително зголемување на антисемитизмот и поттикнување на антисемитски акти, како и напади што можат да ги загрозат животите на Израелците и Евреите ширум светот - се истакнува во соопштението на израелскиот Национален совет за безбедност. 

356

Израел денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во странство, со образложение дека антисемитизмот е во пораст ширум светот.

„Израелските власти гледаат значително зголемување на антисемитизмот и поттикнување на антисемитски акти, како и напади што можат да ги загрозат животите на Израелците и Евреите ширум светот – се истакнува во соопштението на израелскиот Национален совет за безбедност.






Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека министрите гласале за пренос на даночните средства што тој ги собрал за Палестинската управа (ПА) во Рамала, но ги отфрлиле парите наменети за Појасот Газа.

Одлуката на Националниот совет за безбедност дојде во време на тензии во владата околу тоа дали некои даночни приходи на Западниот Брег треба да се префрлат на ПС.

„Израел ги прекинува сите контакти со Газа. Нема да има повеќе палестински работници од Газа, а работниците кои биле во Израел на денот на избувнувањето на војната ќе бидат вратени во Газа“ – стои во соопштението.

Поврзани содржини