ИЗРАЕЛ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГО ГАЃА ХЕЗБОЛАХ „Ќе бидат прогонети“

239

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека воената акција насочена кон либанската милиција Хезболах „ќе продолжи“.

– Хезболах се чувствува прогонет. Редоследот на нашите воени дејства ќе продолжи … Во новата фаза на војната има значителни можности, но и значителни ризици – рече Галант, цитиран од неговата канцеларија по денешниот брифинг за оперативните случувања во северен Израел.






Според него, консултациите со високи воени и команданти на тајните служби се вртеле околу различни сценарија во борбата против Хезболах, со цел да им се овозможи на евакуираните од северен Израел да се вратат дома, пренесе ДПА.

Поврзани содржини