„ИЗРАЕЛ ЌЕ ЈА КОНТРОЛИРА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА ГАЗА“ Ерусалим мора да дејствува незапирливо, посочи Нетанјаху

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, посочи дека Израел мора да спречи глад во Појасот Газа „од дипломатски причини“, откако беше објавено дека ќе биде дозволена дистрибуција на ограничена хуманитарна помош за палестинската енклава.

96

Израел ќе ја преземе контролата „врз цела територија“ на Појасот Газа, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

– Борбите стануваат поинтензивни и ние напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целата територија на Појасот. Не се повлекуваме, но за да успееме, мора да дејствуваме на таков начин што нема да бидеме запрени – истакна Нетанјаху во видеопорака објавена на Телеграм.






Тој посочи и дека Израел мора да спречи глад во Појасот Газа „од дипломатски причини“, откако беше објавено дека ќе биде дозволена дистрибуција на ограничена хуманитарна помош за палестинската енклава.

– Не смееме да дозволиме населението да гладува, ниту од практични ниту од дипломатски причини – наведе Нетанјаху.

Израел на 2 март ја блокира дистрибуцијата на хуманитарна помош за Појасот Газа.

Во меѓувреме, израелската армија денеска издаде наредба за евакуација на жителите од вториот по големина град во Појасот Газа – Кан Јунис и на околните населени места.

Претходно, Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека во денешните израелски воздушни напади во Кан Јунис, посебно околу болницата Насер, загинаа 22 луѓе.

📷 ПРОТЕЧЕ ТАЈНА МАПА, ИЗРАЕЛ СЕ СПРЕМА ДА ЈА ПОДЕЛИ ГАЗА Што крие планот „Трета фаза“?

Поврзани содржини