ИЗРАЕЛ ЦЕЛОСНО СЕ ЗАТВОРА ПОРАДИ ОМИКРОН-СОЈОТ Странците нема да влезат, а Израелците ќе мораат во карантин
Тридневен ќе биде карантинот за вакцинираните Израелци, седумдневен за невакцинираните, во специјални хотели кои ќе ги одреди државата, а луѓето ќе бидат и ПЦР-тестирани. Премиерот Нафтали Бенет рече дека на луѓето во карантин ќе им бидат следени мобилните телефони, а физички ќе бидат надгледувани од изралеската безбедносна агенција „Шин Бет“.
Израел од денеска целосно ќе се затвори за странци во следните 14 дена, а Израелците кои ќе си дојдат назад од некоја јужноафриканска земја ќе мора да одат во карантин поради новиот омикрон-сој на коронавирусот, пишува Би-Би-Си. Израел има само еден случај на новиот сој, а многу земји веќе го забранија патувањето во регионот на Јужна Африка, од каде се смета дека потекна оваа мутација.
Тридневен ќе биде карантинот за вакцинираните Израелци, седумдневен за невакцинираните, во специјални хотели кои ќе ги одреди државата, а луѓето ќе бидат и ПЦР-тестирани. Премиерот Нафтали Бенет рече дека на луѓето во карантин ќе им бидат следени мобилните телефони, а физички ќе бидат надгледувани од изралеската безбедносна агенција „Шин Бет“.
Israel bars tourists, revives quarantine to curb spread
Israelis entering the country, including those who are vaccinated, will be required to quarantine, Prime Minister #NaftaliBennett said#COVID19 | #Omicron pic.twitter.com/4KWdo7Yie8
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) November 28, 2021
Вчера, израелските власти ставија 50 африкански нации на таканаречената „црвена“ листа. Израел потврди повеќе од 1,3 милиони инфекции со Ковид од почетокот на пандемијата, со над 8,100 смртни случаи, според американскиот универзитет Џонс Хопкинс. Во петокот беше воведена забрана за влез на странци во Израел од повеќето африкански земји.
СЗО рече дека ќе бидат потребни неколку недели за да се разбере влијанието на новата варијанта, бидејќи научниците работеа да утврдат колку е таа пренослива. Шефот на Јужноафриканската медицинска асоцијација изјави за Би-Би-Си дека случаите откриени досега во Јужна Африка – каде што само околу 24 отсто од населението е целосно вакцинирана – не се тешки, но рече дека истрагите за варијантата се сè уште во многу рана фаза.