ИЗРАЕЛ ЈА НАПАДНА САНА ДОДЕКА ЛИДЕРОТ НА ХУТИТЕ ДРЖЕШЕ ГОВОР Во главниот град на Јемен биле гаѓани цивилни цели
Извор наведе дека елиминациите биле планирани уште на почетокот на неделата во рамките на претходниот бран напади, а дека одлуката за нивна реализација е донесена дури сега. Според Израел нападите биле насочени кон високи функционери на Хутите.
Израел денеска изврши напади врз Сана, главниот град на Јемен, додека лидерот на Хутите, Абдул-Малик ал-Хути, држеше говор, наведува израелскиот Канал 12, повикувајќи се на израелски извори.
Според извештаите, израелската авијација ја нападнала областа Ас-Сабаин во Сана, која вклучува претседателски комплекс и главниот воен камп на Хутите.
Израел потврди дека нападите биле насочени кон високи функционери на силите на Хутите.
Извор наведе дека елиминациите биле планирани уште на почетокот на неделата во рамките на претходниот бран напади, а дека одлуката за нивна реализација е донесена дури сега.
🇾🇪Yemen
More than 10 Israeli airstrikes targeted Sanaa, during Houthi Leader Abdul-Malik al-Houthi’s speech. pic.twitter.com/TysNueI2sz
— Thomas Keith (@iwasnevrhere_) August 28, 2025
– Како што ги предупредивме Хутите во Јемен, кој ќе крене рака на Израел, раката ќе му биде отсечена – рече израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
Високиот функционер на Хутите, Наср ал-Дин Амир, ги негираше тврдењата за напад врз високи функционери, обвинувајќи го Израел за напади врз цивилни цели поради поддршката на Јемен за Газа. Тој додаде дека воените напори на Јемен и помошта за Газа ќе продолжат, освен ако не престанат нападите и блокадата на Газа.
Претходно, во неделата, израелски авиони нападнаа низа инфраструктурни објекти во Сана.
Guys..
The Red Wedding strike in Sanaa is looking very promising.I don’t believe Abdul al-Malek will be amongst the names, but the Chief of staff might.. pic.twitter.com/6ZNkMM0wNw
— Voice From The East (@EasternVoices) August 28, 2025
Според портпаролот на израелската војска, целите вклучувале воена база во која се наоѓа претседателската палата, електричните централи Асар и Хизаз, како и складиште за гориво, со цел да се наруши инфраструктурата на Хутите и нивните линии за снабдување. Според извештаите, во нападот загинале 14 лица, а повеќе од 50 се повредени, од кои некои се во тешка состојба.