ИЗНЕСУВАЛ ХАШИШ ОД ФАБРИКА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС Кривична пријава за стужанец

Кај жител на Октиси при преглед на возило пронајдене и одземена е марихуана.

164

Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид поднел кривична пријава против 42-годишен жител на Струга, откако кај него бил пронајден и одземен хашиш.

Според полициските инфомации дрогата била пронајдена при претрес на осомничениот со иницијали Ј. П., во момент кога тој излегувал од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид.






„При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш“, се вели во информацијата од СВР Охрид.

Со кривичната пријава осомничениот стружанец се товари за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од СВР Охрид информираат уште за еден случај во кој била запленета марихуана. Вчера попладне на локалниот пат помеѓу струшките села Велешта и Октиси полициски службеници го уапсиле С.А.(47) од Октиси, откако при преглед на возилото што го управувал пронашле и одзеле марихуана.

„При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило ‘пежо’ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по извршен преглед пронајдена и одземена е марихуана“, велат од СВР Охрид.

Поврзани содржини