Меган Маркл откри за „Њујорк тајмс“ дека доживеала спонтан абортус кога се преселила во САД. Војвотката од Сасекс изјави дека го изгубила своето второ дете откако почувствувала „остар грч“ во стомакот, додека во јули ја менувала пелената на синот Арчи.
Иако се шпекулираше дека принцот Хари и таа не се во добри односи со кралското семејство – поддршка по признавањето во голема мера дојде од Велика Британија.
– Принцот Чарлс им беше поддршка на Хари и Меган за време на нивниот период на тагување. Целото кралско семејство е многу тажно заради Хари и Меган – открил извор близок до семејството за „Ју Ес викли“.
Од кралската паалата за магазинот изјавиле дека спонтаниот абортус на Меган е нејзина лична работа.
Во изјавата за „Њујорк тајмс“, Меган опиша дека ѝ се слошило дома, во куќата во Лос Анџелес.
Како што вели, најтешко ѝ било да гледа како Хари тагува додека и таа самата „се распаѓала во парчиња“.
„Откако му ја сменив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Се спуштив на подот со него во рацете, пеејќи му приспивна песна за да нè смири двајцата. Веселата мелодија беше целосен контраст со моето чувство дека нешто не е во ред“, напишала војвотката.
Во рубриката со наслов „Загуби што ги споделуваме“ таа напиша:
„Додека го држев моето првородено дете, знаев дека го губам второто“.