ИЗМИСЛИЈА ДУРИ И АТЕНТАТ ВРЗ АЛБИН КУРТИ Александар Николоски тврди дека СДСМ му се умилкува на косовскиот лидер
СДСМ одржува интензивна комуникација со косовскиот лидер, со цел да ја искомпромитира неговата релација со албанската опозиција, тврдат познавачи на приликите во албанскиот политички блок.
Информацијата за обид на атентат врз косовскиот лидер Албин Курти за време на посетата на Скопје била спин, тврди Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Кога беше во Скопје, излезе информација дека имало обид за атентат. Тоа е целосно неточна информација, МВР ја демантираше. Но, тоа е договорен спин помеѓу СДСМ и владата на Косово со цел дефокус од проблемите во Македонија и кревање на рејтингот на владата на Косово. Повторувам, ова е договорен спин кој за нивна несреќа беше брзо разобличен – изјави Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Николоски гледа опседнатост на СДСМ да му се умилкува на Албин Курти.
– Вака интензивна комуникација немаат со ниту еден друг. Прво во Косово беа Маричиќ и Зачевиќ, потоа Пендаровски, па Курти дојде тука. И се ова се случува во рок од две и пол недели. Mислам дека со поблиска фамилија толку често не се гледаат – рече тој.
Познато е дека Албин Курти е близок до албанската опозиција во Македонија, чии лидери веќе и отворено зборуваат дека по изборите полесно би коалицирале со очекуваниот победник ВМРО-ДПМНЕ. Познавачите на приликите сметаат дека со ваквата интензивна комуникација, која се оввива под влијание на западни амбасади во Скопје, СДСМ сака да ја компромитира релацијата на Курти со албанската опозиција.