Изминатата недела помалку заразени и смртни случаи од ковид-19, но и помалку тестирања
Пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, со намалување од 8,6 отсто во однос на минатата недела.
Процентуално намалување на нови случаи на ковид-19 и на починати и оздравени од намален број на тестови, регистрира Институтот за јавно здравје во неделниот извештај за периодот од 14 до 20 декември.
Според овој извештај во период од една недела тестирани се вкупно 15.607 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е за 1,6 отсто помалку во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 4.585 нови позитивни случаи од 35 градови во државата или помалку за 16,9 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје 42,7 отсто, со неделна инциденца – 221,6/100.000.
29,3 отсто од тестираните биле позитивни, а тоа споредено со претходната недела е намалување од 5,5 отсто.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години 29,3 отсто. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59, 19,3 отсто, 30-39, 17,7 отсто, 40-49 , 17,5 отсто и 20-29 години 11,1 отсто. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години 1,3 отсто и 10-19 години 3,9 отсто.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.513 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 15,1 отсто помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, со намалување од 8,6 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 131 лице биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години, 8 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и три случаи од возрасната група од 30-39 години.