Истражувачи од Обединетото Кралство спровеле истражување за да ја утврдат просечната големина на машкиот полов орган.
На почетокот го разбиле митот за поврзаноста помеѓу големината на стопалото или дланката со должината на пенисот, пренесува Ifl Science, пренесува Б92.
Иако често се зборува за „просечната“ големина, воопшто не е лесно да се одреди што е точно тој просек. Главна причина за тоа е, како што велат научниците, тоа што кај повеќето истражувања учеството било на доброволна база, па немало мног испитаници.
Поради тоа за оваа студија вклучена била поголема база на податоци, мерења извршени од лекар, а кои се стандардизирани. Овие мерења вклучуваат обем ( корен или средина) и должина на половиот орган, а опфатиле 15.521 испитаници од различни мерења ширум светот.
Кога е во прашање опуштен пенис, просечната должина е 9,16 сантиметри, додека кај пенис во ерекција тоа е 13,12 сантиметри. Ако зборваме за обем, тогаш тоа е 9.31 сантиметри за опуштен, односно 11,66 сантиметри за полов орган во ерекција.
Интересен е податокот дека само 5 отсто мажи има пенис подолг од 16 сантиметри.
Научниците не успеале да утврдат било каква поврзаност на величината на тестисите или стопалата со должината на пенисот. Ништо не утврдиле ни кога станува збор за расата, но нагласиле дека повеќето испитаници биле белци.