ИЗМЕНИТЕ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК „ДАДЕНИ“ НА УСТАВЕН СУД Иницијативата ја поднесе Павле Трајанов

Во иницијативата се укажува на обврската уставните одредби за владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите, како и на потребата од заштита на државниот имот од злоупотреби на носителите на јавни функции.

107

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста на последните измени на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување и се предвидува декриминализација на кривичното дело поврзано со јавните набавки на штета на државата.

Во иницијативата се укажува на обврската уставните одредби за владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите, како и на потребата од заштита на државниот имот од злоупотреби на носителите на јавни функции.






Воедно, се очекува Уставниот суд по службена должност да донесе времена мерка за одложување на примена на измените во Кривичниот законик до донесување конечна одлука за Иницијативата.

Поврзани содржини