ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО КОЧАНИ Продолжува поставувањето хоризонтална и вертикална сигнализација
Со пренасочување на сообраќајот продолжува поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација, велат од Општина Кочани и упатуваат апел до граѓаните да не паркираат возила на улиците од двете страни на реката и да ги почитуваат сообраќајните правила, прописи и сигнализација.
Од утре (17 декември), со почеток во 9 часот ќе започне најавената измена на сообраќајниот режим од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците Тодосија Паунов, Кеј на Револуцијата (во спротивна насока од течението на Кочанска Река) и Маршал Тито (во правец на течението на Кочанска Река) до кружниот тек кај Двојниот мост, информира попладнево надлежната служба во општинската администрација.
Изменетиот режим ќе се имплементира со поддршка од полициски службеници на Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, Општина Кочани, ТППЕ и ДПД Кочани.