Измамници на пазарот во ЕУ нудат се повеќе лажни вакцини против ковид-19

Во соопштението се забележува дека ОЛАФ ја проширува истрагата за заштитните производи од ковид-19 поради борбата против трговијата со фалсификувани вакцини добиени од нелегален увоз, како и за фалсификуваните лекови

405

Европските администрации треба да бидат крајно внимателни поради измамниците кои нудат лажни вакцини против ковид-19, соопшти Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Во соопштението се посочува дека ОЛАФ веќе поседува извештаи за измамници кои се обидуваат да продадат вакцини во ЕУ.






– Целта на измамата е да се прелажат националните власти во ЕУ кои се обидуваат да ја зајакнат програмата за вакцинација поради безбедноста на своите граѓани – се наведува во соопштението на оваа антикорупциска канцеларија на ЕУ.

Во соопштението се забележува дека ОЛАФ ја проширува истрагата за заштитните производи од ковид-19 поради борбата против трговијата со фалсификувани вакцини добиени од нелегален увоз, како и за фалсификуваните лекови.

Во соопштението, исто така, се додава дека истрагата почнала во март минатата година и дека досега се идентификувани повеќе од 1.000 сомнителни операции и запленети се 14 милиони предмети, вклучувајќи и лажни маски и лажна опрема за тестирање.

Поврзани содржини