ИЗМАМНИЦИ ГО ЗЛОУПОТРЕБУВААТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Граѓани добиваат лажни СМС пораки за казни

Граѓани добиваат лажни СМС-пораки за сообраќајни прекршоци, измамата лесно се препознава по неколку детали.

1,313

Измамниците повторно во акција, овојпат злоупотребувајќи го системот „Безбеден град“ за да извлечат пари од граѓаните преку лажни СМС-пораки.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.






Дополнителен сомнеж кај дел од оштетените предизвикал фактот што воопшто немаат возило регистрирано на свое име, што значи дека не можат да бидат евидентирани како сторители на сообраќаен прекршок во системот.

Она што јасно ја открива измамата е содржината на пораката. Во лажните СМС-известувања не е наведен бројот на регистерската табличка, што е задолжителен податок во сите официјални пораки кои ги испраќа Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, измамата може да се препознае и по името на испраќачот. Во официјалните СМС-пораки испратени преку системот „Safe City“, како испраќач секогаш стои ознаката „MVR-SC“, додека кај лажните пораки се користат непознати или сомнителни имиња.

Од МВР ги повикуваат граѓаните да не кликнуваат на сомнителни линкови, да не внесуваат лични податоци или податоци од платежни картички и секој ваков обид за измама да го пријават во полиција.

Поврзани содржини