Измамиле скопјанка за 52.000 денари дека нејзините ќерка и зет прегазиле дете

343

На 77-годишна скопјанка вчера во 09 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во населба Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари.

По одредено време на улица во населбата Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што скопјанката на едното му дала 52.000 денари.






Подоцна жената исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена.

Поврзани содржини