ИЗМАМЕНА 76-ГОДИШНА БИТОЛЧАНКА ЗА 7.000 ЕВРА Лажен лекар ѝ јавил дека внуката е тешко повредена во сообраќајка

Жената заедно со сопругот однеле 7.000 евра и ги дале на едно лице, кое според договорот, ги чекало кај саат-кулата во Битола.

76

Во СВР Битола вчера 76-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од непознато машко лице, кое ѝ се јавило на телефон и се претставило како лекар. Лицето ѝкажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари, за да ѝ го спаси животот.

Како што информира МВР, жената заедно со сопругот однеле 7.000 евра и ги дале на едно лице, кое според договорот, ги чекало кај саат-кулата во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена, односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа.






Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини