ИЗМАМЕН ЗА 43.000 ЕВРА „Мајсторот“ зеде пари и исчезна

По последната исплата, изведувачот престанал да се јавува и не ја завршил договорената работа.

168

Жител на Македонски Брод пријавил дека бил измамен за дури 43.000 евра, откако му ги дал парите на лице кое се претставило како изведувач на градежни работи, а потоа целосно исчезнало.

Според пријавата поднесена во полиција, 45-годишниот маж во октомври годинава се договорил со Б.Р. од скопското село Сарај да изврши градежни зафати во неговата семејна куќа во Македонски Брод, како и во уште една куќа во село во истата општина.






Во текот на договорот, оштетениот во неколку наврати му исплатил вкупно 43.000 евра. Меѓутоа, по последната исплата, изведувачот престанал да одговара на телефонските повици, почнал да избегнува контакт и не ја завршил договорената работа.

Откако сфатил дека е измамен и дека парите нема да му бидат вратени, случајот го пријавил во ОВР Македонски Брод.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.

Поврзани содржини