ИЗМАМА ТЕШКА ИЛЈАДНИЦИ ФРАНЦИ Тетовец зел материјали, па исчезнал
48-годишен тетовец се сомничи дека договорил изработка и испорака на железни материјали во Швајцарија, но платил само дел од сумата и потоа станал недостапен.
48-годишен жител на Тетово заработи кривична пријава откако наводно измамил лице за повеќе од 14.000 швајцарски франци.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, мажот во текот на 2025 година се договорил со оштетениот да му изработи железни материјали вредни 20.450 швајцарски франци, кои требало преку шпедитерска фирма да бидат испратени во Швајцарија.
Откако нарачката била изработена и испратена, осомничениот платил само дел од договорената сума – 5.999 швајцарски франци, додека останатиот долг од 14.460 франци не го подмирил. Оштетениот во повеќе наврати се обидувал да стапи во контакт со него, но тој бил недостапен.
Полицијата поднела кривична пријава за измама, а случајот ќе добие понатамошна разрешница во надлежните институции.