ИЗМАМА СО ХОНОРАРИ НА КАРНЕВАЛОТ ВО ВЕВЧАНИ? Панчо и Андреј од ДНК велат дека ниеден од бендовите не ги добил парите
Сè до денешен ден ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата. Ние како бенд на самиот ден бевме приморани да го откажеме настапот бидејќи не беше исполнет договорот од горенаведениот лик, но за среќа добивме ветување и ЗБОР од Ѓорѓи Влајкиноски кој е претседател на ОК и близок човек на Градоначалникот Спасе Кочовски (на кои сме им благодарни за одличниот пречек и тоа што веднаш се заложија да ја исправат несаканата ситуација со горенаведениот лик) па затоа и се сложивме да го оддржиме, пишува Панчо од ДНК.
Панчо и Андреј попознати како групата ДНК на социјалните мрежи, реагираат и тврдат дека биле измамени за хонорарот на нивниот последен настап за време на карневалот во Вевчани. Во своја реакција Панчо посочува и дека групата не е единствена меѓу „измамените“ бендови кои „сè до ден денешен немаат земено ниту еден денар од договорениот хонорар“.
Објавата на познатиот музичар ви ја пренесуваме во целост:
„Драги наши. На 12-ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан. Атмосферата беше феноменална, публиката одлична, но за да не биде сè така розево се погрижи ликот Александар ЦЕЗАР Коневски кој важи за еден од најголемите патолошки лажговци и ПРЕВАРАНТИ кои се занимаваат со ангажирање на бендови и артисти односно човек кој секојдневно бара нови жртви за да им се случи ова што се случи со 11-12 бенда во Вевчани. Сè до денешен ден ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата. Ние како бенд на самиот ден бевме приморани да го откажеме настапот бидејќи не беше исполнет договорот од горенаведениот лик, но за среќа добивме ветување и ЗБОР од Ѓорѓи Влајкиноски кој е претседател на ОК и близок човек на Градоначалникот Спасе Кочовски (на кои сме им благодарни за одличниот пречек и тоа што веднаш се заложија да ја исправат несаканата ситуација со горенаведениот лик) па затоа и се сложивме да го оддржиме. За да биде уште пострашно истиов човек должи пари на многу други луѓе па од таму само сакам да ги предупредам нашите колеги да бидат многу претпазливи кога станува збор за Цезар преварантот од Скопје, не оној славниот римски император. Исто така упатувам апел и до сите градоначалници, приватни компании ширум Македонија да го имаат во предвид истотво, да не си ставаат здрава нога во трн и да си го валкаат образот“.
„Во животот сè е лекција но подобро е кога ќе ја научиш на туѓ грб па затоа и се решив да го споделам јавно сè со цел да спасам нови жртви.
Со Почит, Панчо“, стои во објавата на Панчо.
Во коментар под истата објава се огласи и фолк-пејачот Наум Петрески, кој исто така посведочи дека и тој е измамен од истиот човек.
„Истото го пишав и јас пред некое време и ве предупредив, но тоа е се школо, а него ќе го најдат во некој којтенер со гаранција. Тежок патолошки лажго“, напиша познатата музичка ѕвезда.