ИЗМАМА ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ Тучин останал без 6.650 евра за документи за престој
Турски државјанин пријавил дека бил измамен за 6.650 евра откако преку социјална мрежа му било ветено посредување за документи за работа и престој во Македонија.
Државјанин на Турција пријавил дека бил измамен за 6.650 евра откако преку социјална мрежа стапил во контакт со лице кое му ветувало документи за работа и престој во Македонија.
Како што пријавил во СВР Скопје, измамата започнала во октомври минатата година, кога лицето се претставило како посредник кој може да му помогне во регулирање на неговиот престој во земјава. Во текот на неколку месеци, оштетениот во повеќе наврати му исплаќал пари, дел лично, а дел преку банкарска трансакција.
Освен тоа, Турчинот платил и за договор за закуп на стан, кој бил заверен кај нотар, што дополнително ја зајакнало неговата доверба дека станува збор за легална постапка.
Откако подолг период не успеал да стапи во контакт со лицето и не добил никакви документи, сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.
Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на случајот и за идентификување на сторителот.