Изложба во рамки на манифестацијата „Го градам мојот град“
Поради ситуацијата во која се наоѓа нашиот град Скопје и државата, ДКЦ Карпош реши манифестацијата да ја одржи на поинаков начин.
Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално, во чест на градот Скопје ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“ – 2020, манифестација посветена на најмалите од предучилишните установи.
Поради ситуацијата во која се наоѓа нашиот град Скопје и државата, ДКЦ Карпош реши манифестацијата да ја одржи на поинаков начин.
– На наша покана децата од скопските градинки од поголемите групи направија макети со значајни објекти од градот Скопје. Објектот кој го одбраа да го изработат е по нивен избор. Градежниот материјал што го користеле децата за макетите е исто така по нивен избор и може да користат се што сакаат и сѐ што нуди природата. Децата за изработка на макетитете употребиле природни материјали, лисја, каменчиња, дрвцa, употребиле, боици, картон и друг прибор, а не ги изоставиле ни зрнестите продукти како што се леќата, оризот и зрна грав. Од сите овие работи произлегоа навистина прекрасни макети со градби, кои не би поверувале дека можат да ги направат деца од 4, 5 и 6 години. Покрај макетите добивме и фотографии од изработката на макетите односно фотографии како децата внимателно и посветено ги изработуваат – наведуваат од ДКЦ Карпош.
Идеата, како што посочуваат, е сите творби од градинките да ги изложат во дворот на Центарот, да направат изложба, а потоа и преку видео, да се прикаже на ФБ страната на ДКЦ „Карпош“, како и на Јутуб каналот на центарот. Видеото од манифестацијата „Го градам мојот град “- 2020 ќе се прикаже денеска, на празникот на градот Скопје 13 ноември со почеток од 11 часот.
– Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата, колку големо значење има празникот 13 Ноември за градот Скопје – велат од ДКЦ Карпош.
За градинките учесници на оваа манифестација, додаваат, предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.