Во Галеријата Белогаски во Музеј на град Скопје денеска, во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје виа Солун“, на која ќе бидат претставени приказните за двата града, нивната поврзаност со патен, воден и железнички сообраќај, трговијата, културните преплетувања и личните, фамилијарните и професионалните врски меѓу градовите.
Изложбата и монографијата се тригодишен проект финансиран од Градот Скопје и Министерството за култура.
Поради мерките и протоколот за пандемијата посетата ќе биде ограничена.