ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА МАНЧЕВСКИ ВО СОФИЈА Публиката ја привлече врвниот естетизам и драма
Режисерот претстави 88 уметнички готографии на тема улица.
Во галеријата на Националната академија за уметности (НАА) во Софија денеска беше поставена изложба на фотографии од македонскиот режисер Милчо Манчевски, јави дописникот на МИА од Софија.
Светски познатиот режисер ќе ги претстави своите 88 фотографии во боја на тема улична фотографија, а со неговиот врвен естетизам и драма го привлече вниманието на уметничката и интелектуалната
публика во Софија.
Изложбата ќе биде отворена до 16 септември 2021 година, а на 10 септември се очекува Манчевски во Софија формално да ја отвори изложбата во галеријата на Националната академија за уметности и да оствари средба со неговите обожаватели, млади уметници и студенти од областа на филмската уметност во Македонскиот културен и информативен центар во Софија.