ИЗЛЕЗОТ Е САМО ВО ОДЛОЖЕНАТА ПРИМЕНА НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Јаревски потсети кој и зошто ја заглави Македонија кон ЕУ
Иницијалната точка од која се поаѓа е да се осигураме дека повторни уцени и диктати од Бугарија ќе нема, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
Прашањето поврзано со уставните измени и евроинтеграцискиот пат на Македонија се поставува на погрешна основ, рече вечерва пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во гостување на Канал 5.
Тој вели дека суштината на овој проблем потекнува од погрешниот пристап на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ.
– Прво, за ваква сериозна работа треба да имаме општествен консензус, не само политички, туку и општествен. Во тие моменти, иако ВМРО-ДПМНЕ беше во тешка опозиција, подаде рака за да се вклучи во целиот процес на изградба на националните позиции кои многу полесно би се бранеле. Ваквата тогашна понуда беше категорично отфрлена од страна на СДСМ и ДУИ и тие се впуштија во процес во кој самите преземаа обврски кои очигледно е дека не можеле да ги завршат, а последиците ги трпиме токму сега – рече пратеникот Јаревски.
Тој вели дека сегашната иницијална точка од која поаѓаат е да се осигураат дека повторни уцени и диктати од Бугарија ќе нема.
– Затоа дадовме неколку пакети, неколку можности кои би можеле да ги реализираме, со цел ваквите ризици да бидат елиминирани и нашиот пат кон ЕУ да биде отворен. Во овој контекст важно е да се држиме до реформи, стандарди, до исполнување на обврските во преговорите. Истовремено потребно е целосно посветено да се влезе во еден процес на аргументирање на нашите позиции и состојби кои ги имаме наследено од една страна, а од друга страна, да се придвижиме со многу вредна работа по тој пат кон ЕУ – рече Јаревски.
Затоа, додаде тој, најлогични и најприфатливи во овој случај се уставните измени со одложено дејство и на тој начин и ние би биле заштитени и како држава и како нација.