ИЗЛЕЗНОСТ ОД 24,8 ОТСТО ДО 13 ЧАСОТ Нема регистрирани нерегуларности
Претседателот на ДИК ги повика изборачките одбори да им досволат на новинарите и набљудувачите да ја извршуваат својата обврска поврзана со изборите
До 13 часот излезноста на гласање изнесува 24, 8 отсто и е поголема од излезноста во истото време во првиот круг од локалните избори, информира претседаетелот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.
Најголема излезност има во Вевчани 52,4 отсто.Најслаба е излезноста во Сарај има 9,7 отсо.
– Имаме мирен извборен ден, со солидан излезност Нема создавање на редици и досега нема приајвени проблем, освен оние каде што изборниот ден почна со задоцнување – рече Даштевски.
Тој ги повика изборачките одбори да им досволат на новинарите и набљудувачите да ја извршуваат својата обврска поврзана со изборите, откако беше информирано дека екипа на тв Сител била спречена нормално да ја врши работата на едно избирачко место.
Даштевски информира дека денеска има 178 приговори во однос на избирачкото право, од кои 157 се прифатени, 12 се одбиени, за 9 постојат или постоеле во избирачки списоци во кои гласале.