Излезни анкети: ХДЗ води

384

Според првите излезни анкети, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) убедливо води на завршеното гласање на парламентарните избори во Хрватска.

Медиумите во Хрватска оценуваат дека се работи за моќна победа на партијата на Андреј Пленковиќ, што делумно се должи на како што велат слабото лидерство на опозициската СДП на чие чело е Давор Бернардиќ.






Веднаш по затворањето на гласачките места, резултатите проектираат 61 мандат за ХДЗ, по што следува коалицијата Рестарт што ја предводи СДП со 44 места и Домовински покрет со 16 парламентарни места.

За формирање влада, потребно е парламентарно мнозинство од 76 пратеници од вкупно 151 пратеник.

Поврзани содржини