„ИЗЛЕЗИ МЕРКО ПРАВО НА ТЕРАСА“ Струшкиот градоначалник трет ден бега од камерите и се крие во општинската зграда

Вработените во општината велат дека градоначалникот на Струга секој ден е во неговиот кабинет, но дека бил премногу зафатен за да даде изјава за медиумите.

642

Најновото име на американската црна листа, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко трет ден практично бега од медиумите.

Утрово го уловија колегите од ТВ21 на терасата од општинската зграда. Очекувано, не сакал да дава изјави






Неговата партија вчера рече дека против него нема да преземе никакви мерки. Тој нема да биде исклучен од ДУИ, а сам решил да си ги замрзне активностите но во раководството на ДУИ. За оставка од градоначалничката функција, ниту еден збор.

Поврзани содржини