ИЗЛЕЗЕТЕ ОД КАНЏИТЕ НА МУРТИНСКИТЕ КОРУПТИВНИ МРЕЖИ! Реакција од ЗНАМ на нападите од СДСМ

Ослободете се од продолжената рака на Заев, Венко Филипче и од криминалците што ја претворија партијата во приватна фирма и политички сервис на неколкумина. Го изгубивте целосно достоинството, ја изгубивте довербата и контактот со народот – порача Движењето ЗНАМ.

270

Откако СДСМ, како по обичај, се обиде да ја замени реалноста со партиска илузија, чувствуваме обврска да ги потсетиме на неколку непобитни факти, се вели во соопштението од Центарот за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

„Додека тие зборуваат за „најсилна опозициска партија“, граѓаните во првиот круг од локалните избори зборува преку бројки – а бројките за нив се запрепастувачки.






СДСМ, под актуелното раководство, го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја.

Нивните кандидати за градоначалници беа избришани уште во првиот круг во повеќе општини, и тоа во Куманово, нивниот „чесен и докажан“ кандидат Мартин Костовски, не успеа да влезе ниту во вториот круг и заврши на срамното четврто место, додека нивниот кандидат за градоначалник во Центар, Горан Герасимовски, ќе биде убедливо поразен во вториот круг.

Толку за нивните „планови“, „сила“ и „рејтинг“.

Имено, ја разбираме потребата на ова раководство на СДСМ да се обиде политички да преживее дури и по ваков дебакл на локалните избори.

Но, она што се случи е доказ дека СДСМ повеќе не е партија, најмалку “најсилна опозициска партија”, туку распаѓачки остаток од некогашен систем што живее само на инерција и старо име.

Партијата што некогаш се темелеше на вредности и идеали, денес е претворена во приватен клуб на интереси, бизниси и меѓусебни војни за остатокот од влијание.

СДСМ е политички труп што глуми живот додека се гуши под тежината на сопствениот криминал и лаги, без визија, без морал.

Колку и да се обидуваат да ја префрлат вината, фактите се сурови: СДСМ не изгуби поради ВМРО ДПМНЕ, ниту поради ЗНАМ – изгуби поради себе, поради ароганцијата, криминалот и отуѓеноста од народот. Изгуби затоа што одамна ги заменија идеологијата и вредностите со личните интереси!

Движењето ЗНАМ не е ничиј тројански коњ, ниту придружна партија во туѓи игри. ЗНАМ расте, и тоа благодарение на граѓаните што веруваат дека чесноста, принципите и работа во нивен интерес сè уште имаат смисла.

На овие локални избори ЗНАМ ги оствари зацртаните политички цели,ја потврди стабилизацијата на своето гласачко тело и покажавме дека политиките што ги водиме се во вистинска насока.

Нашиот концепт на народна и чесна политика добива сè поголема поддршка низ целата држава – и тоа беше првата јасна порака од првиот круг на овие избори. За првпат, Движењето ЗНАМ освои речиси 40.000 гласови, советнички места во повеќе од 50 општини, како и во Градот Скопје, а очекуваме избор на два градоначалнички мандати како кадар на ЗНАМ и победа на натпартискиот кандидат во Кочани, кој ја има и нашата поддршка. Тоа е доказ дека ЗНАМ станува релевантна политичка сила што го менува системот одвнатре, со работа, резултати и чесен пристап“ – се вели во соопштението на Движењето.

На СДСМ им порачуваме – ресетирајте се и излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи кои ве држат заробени!

Ослободете се од продолжената рака на Заев, Венко Филипче и криминалците што ја претворија партијата во приватна фирма и политички сервис на неколкумина. Го изгубивте целосно достоинството, ја изгубивте довербата и контактот со народот!

Поврзани содржини