ИЗЛЕГОЛ ОД ВОЗИЛО И ПУКАЛ ВО ТИНЕЈЏЕР КОЈ ПЕШАЧЕЛ ВО ЧАИР Момчето ѝ рекло на полицијата кој се обидел да го убие

Деветнаесетгодишниот скопјанец на полициските службеници им рекол дека додека синоќа се движел пеш по улица, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати.

916

МВР денеска соопшти повеќе детали во врска со синоќешниот вооружен инцидент во скопската населба Чаир.

„На 05.10.2024 околу 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати“, информира МВР.






Засега нема информации за здравствената состојба на тешко ранетиот тинејџер.

 

Поврзани содржини