Излегол да го прошета детето во паркот, но за малку ќе се врател без него (ВИДЕО)

Како што објавија светските медиуми, нападот се случил во ноември минатата година во паркот пред библиотеката „Престон“, а видеото од безбедносните камери се појави во јавноста дури сега.

1,301

Еден родител од Мелбурн, Австралија, со последните сили се бореше да го спаси својот двегодишен син отккао непознат човек под дејство на дрога се обиде да го киднапира.

Како што објавија светските медиуми, нападот се случил во ноември минатата година во паркот пред библиотеката „Престон“, а видеото од безбедносните камери се појави во јавноста дури сега.






Таткото во едната рака го држеше ланецот од кучето, а во другата својот син во моментите кога од такси возило излегува осомничениот Мајк Росон кој веднаш го зграпчува детето.

Следуваше стравична борба помеѓу таткото и 41-годишниот Росон кој само еден час претходно бил пуштен од притвор каде што поминал неколку часа поради поседување наркотици.

Во еден момент Росон успеа да го зграпчи детето и тргна да бега, но за среќа тогаш пристигнаа уште двајца мажи кои успеаа да го сопрат и да му го одземат детето.

Поврзани содржини