ИЗГУБИВМЕ ЦЕЛ ГРАД, МАКЕДОНИЈА ЈА СНЕМУВА Шокантен пад на населението, пред нас се Албанија и Бугарија

Македонија со загуба на над 11% од населението – алармантен извештај на Евростат открива регионален демографски колапс, додека Западот расте благодарение на имиграцијата.

844

Македонија изгубила 11,4 отсто од населението во споредба со 2011 година, покажуваат најновите податоци на Евростат, што ја става на третото место во Европа според демографски пад, веднаш по Албанија и Бугарија. Зад Македонија се наоѓаат Босна и Херцеговина и Хрватска, кои исто така бележат сериозно намалување на популацијата.

Според извештајот објавен од euronews.al, населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот на 2024 година во однос на 2011 година, што значи загуба од над 500.000 жители. Овој пад е највисок во Европа.






Бугарија изгубила 12,3 проценти од своето население, додека Македонија е на трето место со минус 11,4 проценти.

„Падот на населението во Македонија е дел од поширокиот тренд на емиграција и ниска наталитетна стапка што го зафаќа речиси целиот Балкан“, наведува Евростат.

Во регионот, речиси сите земји се соочуваат со масовна емиграција, особено на младата популација, која по 2016 година во Албанија доживеа нов бран иселување. Тоа, заедно со драстичниот пад на наталитетот, доведе до рекорден демографски удар.

Единствена земја која бележи позитивен тренд е Црна Гора, со зголемување на населението од 0,6 отсто, што ја издвојува од другите држави од Западен Балкан.

Во спротивност, западноевропските земји успеаја да го зголемат своето население преку агресивни имиграциски политики, со што се обидуваат да го компензираат стареењето на населението и ниските стапки на наталитет. Според податоците, еврозоната бележи раст од 3,2 проценти на населението од 2011 до 2024 година.

Поврзани содржини