ИЗГОРЕНИЦИ ОД ВТОР СТЕПЕН ИМААТ ЗГРИЖЕНИТЕ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА Таму се примени 38 повредени

Иницијална тријажа од три часот до пет часот утрово што беше во Клиничката болница Штип е направена на над 80 пациенти. Сите беа згрижени со венска линија и терапија беа упатени на терцијално здравство - рече Захариев. 

638

Во Клиничката болница во Штип во моментот се хоспитализирани 38 пациенти и сите се хемодинамски стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен, изјави директорот на установата Владко Захариев.

Пациентите со трет степен изгореници од пожарот кој ноќеска настана во дискотека во Кочани, според Захариев, се препратени на клиниките во Скопје за натамошен третман.






– Иницијална тријажа од три часот до пет часот утрово што беше во Клиничката болница Штип е направена на над 80 пациенти. Сите беа згрижени со венска линија и терапија беа упатени на терцијално здравство – додаде Захариев.

 

Поврзани содржини