Изгореа три соби и покривот од хотел во Радожда
СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот избувнал околу 13 часот во комплекс, сопственост на А.Ш.(47) од селото Радожда.
Во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, вчера во пожар изгорела покривната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.
СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот избувнал околу 13 часот во комплекс, сопственост на А.Ш.(47) од селото Радожда.
– Во гасењето на пожарот, најнапред интервенирало месното население, а по кратко време и Територијалната против пожарна единица од Струга, која целосно го изгаснала пожарот и спречила негово натамошно ширење – информира полицијата.