ИЗГОРЕА ТРИ АВТОМОБИЛИ Во пожарот во Чаир се оштетени фасада на зграда и прозорци на ресторан

Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

299

Голем пожар се случи ноќеска во скопската населба Чаир, во кој изгореа три автомобили.

„На 21.7.2026 околу 4:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Џон Кенеди целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина“, соопшти полицијата.






Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

 

Поврзани содржини