Изгореа пет јахти во голем пожар на хрватското приморје ВИДЕО

На сопствениците им е обезбедено сместување. Пожарникарите го локализирале пожарот околу 21.40 часот.

1,260

Изгореа пет јахти и помали бродови во голем пожар што избувнал вечерва во пристаниште во марината Каштела, во Каштел Гомилица на хрватското приморје.

Според првичните информации, пожарот избувнал околу 20.30 часот, а причина е човечки фактор. Во пожарот изгореле пет јахти, нема повредени туристи ниту сопсвеници на пловилата. На сопствениците им е обезбедено сместување. Пожарникарите го локализирале пожарот околу 21.40 часот.






Поврзани содржини