📷 ИЗГОРЕА ДВА АВТОМОБИЛИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Пожар на паркинг во раните утрински часови

Огнот зафатил „мерцедес“ со гевгелиски таблички и „хјундаи“ со чешки ознаки, без повредени лица.

202

Две паркирани возила изгореа во раните утрински часови на паркинг во Гевгелија, а полицијата истражува како дошло до пожарот.

Според информациите, пожарот бил пријавен околу 03:50 часот на улицата 7 Ноември. Огнот зафатил патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на лице од селото Ѓавато, како и автомобил „хјундаи“ со чешки национални ознаки, сопственост на државјанин на Чешка.






Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија, која го изгаснала огнот, по што бил извршен увид.

Надлежните служби работат на утврдување на причините за пожарот.

Поврзани содржини