ИЗГОРЕ ВОЗИЛО НА ВОДЊАНСКА, КАЈ УЧИЛИШТЕТО КОЧО РАЦИН Нема информации за повредени во пожарот
Пожарникари на град Скопје излегле на лице место и го угаснале пожарот.
Автомобил се запали вечерва на улицата „Водњанска“ во Скопје во близина на основното училиште „Кочо Рацин“, јавија граѓани на Фејсбук.
Пожарникари на град Скопје излегле на лице место и интервенирале. Причинета е материјална штета, но нема информации за повредени луѓе.
МВР засега не објавило официјална информација за настанот.