Изгоре тереса на угостителски објект во Скопје

561

За време на полициски час пожар избувнал на терасата на угостителски објект во Скопје, информира МВР.

– Рано утрово во 03:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на бул. „Гоце Делчев“ во сопственост на 52-гдишниот Г.Н. од Скопје, опожарена била терасата на угостителскиот објект. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје – стои во днвниот билтен на полицијата.

Поврзани содржини