ИЗГОРЕ „ШКОДАТА“ НА ОБВИНИТЕЛОТ БУБЕВСКИ Пожарот од возилата се проширил кон бараките
Автомобилот на обвинителот Бубевски се запалил откако пожарот се проширил од другото возило, кое било паркирано зад неговото.
Едно од возилата кое ноќеска било опожарено во близина на изгорената барака на ЈП Улици и патишта, е сопственост на обвинителот Гаврил Бубевски.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 1 часот по полноќ добиле пријава дека на улицата Стефан Јакимов Дедов настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. (38) од Скопје.
– Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б. (45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени – информира МВР.
Неговиот автомобил се запалил откако пожарот се проширил од другото возило, кое било паркирано зад неговото.
– Не се сомневам дека јас сум бил цел на некаков напад. Јас сум добар, освен што сум уморен бидејќи цела ноќ гаснев, бидејќи сѐ гореше. Кај мојот автомобил, од задната страна почнал пожарот, па изгорело сѐ кон напред – вели Бубевски и додава дека возилото му било осигурано.