Изгоре магацин за автомобилски делови во Радишани

Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.

344

Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.

– Пожарот веќе е локализиран и се работи на негово расчитување – изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.






Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.

Пожарот е пријавен во ТППЕ околу 13:15 часот.

Поврзани содржини