ИЗГОРЕ ЛОКОМОТИВА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА КАЈ ВЕЛЕС Нема информации за причината за пожарот

Според информациите, станува збор за електрична локомотива  која изгорела целосно. Машиновозачот успеал да ги откачи товарните вагони од локомотивата.

849

Локомотива на „Македонски железници“ се запали попладнево на отворена пруга пред влезот во железничката станица во градот Велес, објави порталот Курир.

Според информациите, станува збор за електрична локомотива  која изгорела целосно. Машиновозачот успеал да ги откачи товарните вагони од локомотивата.






Пожарот е изгаснат од страна на противпожарни екипи и за среќа во него нема повредени лица.

Во моментот, се прави увид и проценки за оштетеност на пругата.

Засега нема официјални инфорамции за пожарот, а сообраќајот е блокиран.

Информацијата вечерва ја потврди Центарот за управување со кризи.

Поврзани содржини