ИЗГОРЕ „ЛАЈТ КЛУБ“ ВО БЛИЗИНА НА АМСМ Ноќеска интервенирале девет пожарникари со четири возила

Повредени лица нема, но е причинета материјална штета.

471

Пожар рано утринава избувнал во ресторанот „Лајт клуб“ во близина на Авто мото сојузот на Македонија. Повредени лица нема, но е причинета материјална штета. Интервенирале девет пожарникари и четири возила.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во СВР Скопје во 04:33 часот е пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ избувнал пожар во угостителски објект при што опожарени се внатрешноста на објектот и кровната конструкција.






„Денеска (13.03.) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар во угостителски објект, при што опожарени биле внатрешноста на објектот и кровна конструкција. Повредени лица нема. На местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита“, информираат од МВР.

Поврзани содржини