Изгоре куќа во струмичкото село Просениково

Причинета е материјална штета, а повредени нема.

247

Во село Просениково утрово во 07.50 часот изгореа две соби и покрив на куќа. Причинета е материјална штета, а повредени нема.

Од Територијалната професионална противпожарна единица во Струмица го потврдија пожарот и информираа дека во гаснењето учествувале две против пожарни возила и седум пожарникари.






По интервенцијата пожарот е изгаснат, а причините за настанувањето се испитуваат.

Поврзани содржини