ИЗГОРЕ ЧОВЕК Пожар во куќа во Велес

110

Во куќа на улицата Васа Кошулчева брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. Горела соба од куќата, каде што е и пронајден 67-годишен маж.

Смртта на лицето ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека кога дошле на местото на настанот нашле изгорено лице.






На 02.04.2023 во 05.00 часот во СВР Велес е пријавено дека во куќа на улица Васа Кошулчева во Велес настанал пожар, при што во една од просториите е пронајден починат Д.Н.(67) од Велес, кој живеел во куќата, информира МВР.

Поврзани содржини