📷 ИЗГОРЕ БАРАКА ВО ДРАЧЕВО Брзата реакција на пожарникарите спречи поголема трагедија

Екипи на Противпожарната бригада интервенираа во Скопје, повредени лица нема.

98

Вчера попладне се запали барака во скопската населба Драчево на улицата „Славка Динкова“, соопшти полицијата.

„На 24 август 2025 година во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. ‘Славка Динкова’ во Скопје настанал пожар во барака. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје веднаш интервенирала и го изгаснала пожарот“, информираа од МВР.






На местото бил извршен увид за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

Поврзани содржини