ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛ ВО СТРУМИЦА Пожарникарите задоцниле поради паркирани возила на пристапните улици

Според првичните информации од пожарникарите, причинета е значителна материјална штета.

961

На улица Васил Главинов во Струмица утрово во 02.15 часот, изгоре автомобил. Како што информираа од ТППЕ Струмица, пожарот бил во разгорена фаза, а со интервенција со едно противпожарно возило и 4 пожарникари е спречено натамошно ширење.

Според првичните информации од пожарникарите, причинета е значителна материјална штета.






ОД ТППЕ Струмица додаваат дека приодот до местото на пожарот бил отежнат поради паркирани автомобили на пристапните улици и затоа било изгубено драгоцено време за навремена и брза интервенција.

Инаку, во текот на вчерашниот ден струмичките пожарникари интервенирале четири пати. Во атарите на селата Градашорци и Василево гаснеле запалена сува трева, во селото Костурино бил запален покрив на куќа, а во атарот на село Дукатино гаснеле запалена нискостеблеста шума.

Поврзани содржини