Изгоре автомобил во Струмица

350

На улицата „Климент Охридски“ во Струмица денеска во 13.15 часот изгоре автомобил марка „алфа ромео“, соопштија од Територијалната професионална против пожарна единица на Струмица.

Во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно против пожарно возило.






Пожарот е изгаснат, а според информациите од струмичките пожарникари возилото најверојатно се самозапалило и е целосно уништено.

Поврзани содржини