Изгоре автомобил во Сопиште
Автомобилот е целосно уништен, а самата незгода направи и голем метеж во сообраќајот.
Околу 12.20 часот регистриран е пожар на автомобил во населбата Сопиште, кој е пријавен од случаен минувач.
Од МВР за МИА потврдуваат дека се работи за возило „форд мондео“.
Автомобилот е целосно уништен, а самата незгода направи и голем метеж во сообраќајот.
Од МВР информираат дека на терен излезена е противпожарна единица и пожарот е изгаснат.
Нема информации за повредени при пожарот.