ИЗГЛЕДА НЕПРЕПОЗНАТЛИВО Поранешната сопруга на Шварценегер шокираше со изгледот (ФОТО)
Новинарката немала шминка на лицето, ја кренала косата и го открила челото, со што ги откри очигледните последици од естетските зафати. Дел од нејзината кожа изгледа надуено и збрчкано, особено кога се смее.
Новинарката и писателка Марија Шрајвер (66) е најпозната по бракот со славниот актер Арнолд Шварценегер (75), а многумина останаа шокирани од нејзиното последно појавување во јавноста.
Имено, папараците ја снимиле Марија минатиот вторник во Санта Моника откако таа го посетила градилиштето каде што се гради нејзината куќа. Новинарката била во опуштено издание, хеланки и маица со кратки ракави, насмеана.
Таа немала шминка на лицето, ја кренала косата и го открила челото, со што ги откри очигледните последици од естетските зафати. Дел од нејзината кожа изгледа надуено и збрчкано, особено кога се смее.
View this post on Instagram
Марија стана топ тема на Твитер поради нејзината трансформација. „Што направи Марија Шрајвер со нејзиното лице? Ова е страшно“, „Некој ги фотошопирал овие фотографии?“, „Дали е реално?“, коментираат тие.
View this post on Instagram
И претходно се пишуваше дека Шрајвер го сменила лицето со зафати, а естетските хирурзи на американските медиуми им откриле што мислат дека променила кај себе.
„За жал, Марија Шрајвер ставила премногу филер во лицето, а можеби и PDO конци во образите, брадата и брчките за да ја подмлади кожата. Нејзините усни се премногу полни и се поместиле. Марија ќе има корист од отстранувањето на сите филери и повторувањето на естетските зафати. За некој на нејзина возраст, би било препорачливо да се направи фејслифтинг наместо дополнителни филери“, рекол докторот Дејвид Саадат за „Радар онлајн“.
ФОТО: Инстаграм