🎥 „ИЗГЛЕДА КАКО ЕДВАЈ ДА СЕ ДВИЖИ“ Обожавателите загрижени за Мараја Кери по нејзиниот настап
Еден од нејзините обожаватели сподели неколку видеа, од кои на едното се гледа како Кери пее со видлив недостаток на енергија.
Музичката ѕвезда Мараја Кери (55) неодамна настапи во Лас Вегас. Снимката од концертот која се прошири на социјалните мрежи предизвика загриженост кај обожавателите. Еден од нејзините обожаватели сподели неколку видеа, од кои на едното се гледа како Кери пее со видлив недостаток на енергија.
Во текот на настапот Мараја полека се движеше низ сцената додека покрај неа танцувал танчар, што предизвика лавина од коментари. Многумина се прашуваа дали се чувствува добро: „О Боже, дали е таа добро?“, „Дали нешто ја боли? Што се случува?“, „Малку сум загрижена за Марија“, напишале корисниците на социјалните мрежи кои забележале дека пејачката едвај се движи и делува вкочането.
View this post on Instagram
Некои коментатори го споредија нејзиниот настап со постари пејачи од неа кои сè уште настапуваат со повеќе енергија.
„Шер сè уште може да се движи на својата возраст, а Мараја изгледа како да не може“, напишал еден корисник, додека друг истакнал дека „Мадона, која има 66 години, сè уште танцува како луда“.
Минатата година беше особено тешка за Марија. Минатото лето, во истиот ден, таа ги загуби мајка си Патриша и сестрата Алисон.